Фото: Пиксабеј

Претседателот на САД, Доналд Трамп денеска ја обвини Кина дека не го почитува билатералниот договор за царините.

– Без големо изненадување Кина целосно го прекрши договорот – објави Трамп на сопствената социјална мрежа „Трут соушал“ (Truth Social), без да наведе детали за прекршувањата на Пекинг.

И американскиот секретар за финансии Скот Бесент оцени дека трговските преговори помеѓу САД и Кина се „на мртва точка“.

САД и Кина ги намалија царинските стапки за 115 проценти, оставајќи 30 проценти од царинските давачки за кинеските стоки што доаѓаат во САД, а само 10 проценти за американските стоки што доаѓаат во Кина.

САД и Кина на 12 мај во Женева постигнаа договор за намалување на царините за 115 отсто, оставајќи 30 проценти од царините за кинеските стоки увезени во САД, а само 10 проценти за американските стоки увезени во Кина.

Трамп во април воведе царини од 145 отсто за кинеските производи, а Пекинг возврати со зголемување на царините за увоз на американските артикли на 125 проценти.