Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека тој е единствениот претседател кој не му предал дел од Украина на рускиот претседател Владимир Путин и додаде дека утре вечер ќе објави „нешто големо“.
– Единствениот претседател кој не дал ништо од украинската земја на Русија на Путин е претседателот Доналд Џеј Трамп – напиша Трамп на „Трут Соушл“.
Тој истакна дека тоа треба да се запамети и покрај критиките од демократите и „лажните вести“.
– Утре вечер ќе биде големо. Ќе кажам како што е – додаде Трамп.
Објавата доаѓа по напнатата средба меѓу Трамп и украинскиот претседател Володимир Зеленски во Овалната соба во петокот.