Новоизбраниот претседател на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп вети дека веднаш по преземањето на функцијата на 20 јануари следната година, ќе ја започне „најголемата операција за депортација во американската историја“.
– На мојот прв ден во Овалната соба ќе потпишам историска серија извршни наредби за затворање на границата за илегалните имигранти и запирање на инвазијата на нашата земја. Истиот ден ќе ја започнеме најголемата операција за депортација во американската историја, поголема дури и од онаа што ја спроведе претседателот Двајт Ајзенхауер – рече Трамп на конференцијата во Аризона, пренесе агенцијата „Танјуг“, повикувајќи се на американските медиуми.