Фото: Пиксабеј

Индија и Пакистан се согласија за целосен прекин на огнот, по разговорите со посредство на САД, рече денеска американскиот претседател Доналд Трамп.

-По долга ноќ разговори со посредство на САД, со задоволство објавувам дека Индија и Пакистан се согласија за целосен прекин на огнот веднаш. Им честитам на двете земји за користењето на здрав разум и големата интелигенција – објави Трамп на мрежата Трут Соушл.

Пакистанскиот министер за одбрана Хаваџа Асиф претходно изјави дека се воспоставени контакти со Индија и дека САД и Саудиска Арабија имаат посредничка улога во смирувањето на тензиите.