Новоизбраниот претседател на САД, Доналд Трамп денеска и се закани на Европска Унија со царини доколку не го намали трговскиот дефицит со Вашингтон со купување нафта и гас.
– И кажав на ЕУ дека мора да го реши својот огромен дефицит со САД со купување на нашата нафта и гас во голем обем. Во спротивно, ќе биде воведена царина – објави Трамп на „Трут сошал“.
Додека западните медиуми објавија дека Трамп всушност треба да мисли на трговскиот дефицит на САД со ЕУ, а не обратно како што напиша.
Трамп, кој ќе стапи на должност во јануари, претходно се закани дека ќе воведе поголеми царини за американските трговски партнери, вклучително Канада, Мексико и Кина, што би можело да има последици по светската економија.