Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, денеска ќе се сретне со унгарскиот премиер Виктор Орбан во Белата куќа за да разговараат за зависноста на Унгарија од руската нафта и можностите за зајакнување на економската соработка меѓу двете земји.
Тоа ќе биде нивна прва билатерална средба откако Трамп се врати во Белата куќа во јануари.
Трамп инсистира европските земји да престанат да купуваат руска нафта за да ги намалат приходите на Москва што ја финансира војната во Украина, додека Унгарија не престана да се потпира на руската енергија од почетокот на конфликтот во 2022 година, предизвикувајќи критики во ЕУ и НАТО, велат експертите.
Пред состанокот, унгарските претставници изјавија дека Орбан имал намера да разговара за можноста за состанок меѓу САД и Русија и да побара ослободување од енергетските санкции на САД.
Трамп претходно најави можна средба со рускиот претседател Владимир Путин во Будимпешта, но таа беше одложена откако Русија го отфрли примирјето.
-Го познавам претседателот, тој ме познава мене, ние го знаеме проблемот, едноставно мора да постигнеме договор – изјави Орбан, додавајќи дека очекува пријателски разговори.
Белата куќа соопшти дека лидерите ќе разговараат за области од „заемен интерес“ и наговести за можноста за економски договори.
-Американскиот народ може да очекува повеќе добри, меѓусекторски договори од посетата на премиерот Орбан – изјави функционер на Белата куќа.


































