Доналд Трамп / Фото: ЕПА

Претседателот на САД Доналд Трамп му честиташе на папата Лав Четиринаесетти по неговиот избор за поглавар на Римокатоличката црква и изјави дека е „голема чест да се дознае дека тој е првиот американски папа“.

Американскиот кардинал Роберт Превост, кој го одбра името Лав Четиринаесетти, е роден во Чикаго.

– Колкаво возбудување и голема чест за нашата земја. Со нетрпение очекувам да се сретнам со папата Лав Четиринаесетти. Тоа ќе биде многу значаен момент! – напиша Трамп на својата социјална мрежа „Truth Social“.