Фото: ЕПА

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека денешниот ден претставува значаен чекор кон светскиот мир, оценувајќи дека и Иран покажал подготвеност за деескалација на конфликтот.

Во објава на социјалната мрежа Truth Social, Трамп нагласи дека САД ќе помогнат во развојот и стабилизирањето на сообраќајот низ Ормуската Теснина, истакнувајќи дека регионот има потенцијал да влезе во „златна ера“.

Тој додаде дека очекува економски напредок и инвестиции, како и почеток на процесот на обнова во Иран, при што САД би имале улога во обезбедување поддршка и стабилност.

Претходно, Трамп објави дека по разговори со пакистанското раководство е постигнат договор за двонеделен прекин на огнот меѓу САД и Иран.

Во меѓувреме, иранските власти го потврдија договорот, посочувајќи дека истиот вклучува и задржување на нивната контрола врз Ормуската Теснина.