Американскиот претседател Доналд Трамп вчера изјави дека сака Конгресот да усвои нацрт-закон кој вклучува зголемено финансирање за националната гранична безбедност.
Трамп ги даде коментарите во говорот пред републиканците во Претставничкиот дом собрани во неговото одморалиште Дорал во Мајами за да разговараат за тоа како да се преточат политичките приоритети на претседателот во законодавна агенда.
– Во наредните недели, со нетрпение очекувам да работам со Конгресот на нацрт-законот за помирување на буџетот кој финансиски ги исполнува нашите планови за целосно и трајно враќање на суверените граници на Соединетите држави еднаш засекогаш – рече Трамп.
Зголемувањето треба да вклучи, рече тој, финансирање за зголемен персонал за граничната безбедност и бонуси за да се обезбеди задржување на персоналот за имиграција и царина и службениците на граничната патрола.
– Со дополнителните пари, исто така, би се платило за повеќе кревети за притвор, гранична безбедносна инфраструктура и бариери, како и за завршување на ѕидот долж границата со Мексико – рече американскиот претседател.