Американскиот претседател Доналд Трамп денеска го повика Иран да „се вразуми пред да биде предоцна“ објавувајќи го предупредувањето на својата мрежа „Трут соушал“.
„Иранските преговарачи се многу поинакви и чудни“, рече тој нагласувајќи дека во отсуство на договор „нема да има враќање на старото и нема да биде убаво“.
– Тие нè преколнуваат да склучиме договор, што и треба да го сторат бидејќи се воено уништени, без никаква шанса за закрепнување, а сепак јавно изјавуваат дека само ’го разгледуваат нашиот предлог’. ЛАГА!!! Подобро ќе им биде што побргу да се вразумат – истакна тој.
Во друга своја објава американскиот претседател напиша дека „на САД не им треба ништо од НАТО“ жалејќи се на земјите членки на Северноатлантскиот сојуз дека не направиле апсолутно ништо за да му помогнат во војната против Иран.
– Земјите членки на НАТО не направија апсолутно ништо за да им помогнат (на САД) со лудата нација, сега десеткувана, што Иран и е. На САД не им треба ништо од НАТО, но никогаш не заборавајте го овој многу важен момент во историјата – напиша тој во својата порака напишана со големи букви, пренесе МИА.































