Транзицискиот тим на Трамп работеше на план да ги доведе Украина и Русија на преговарачка маса, а новоизбраниот претседател на САД навести дека и Киев и Москва ќе мора да прифатат компромиси
Новоизбраниот претседател на САД се осврна на можноста за мировни преговори помеѓу Русија и Украина
Новоизбраниот претседател на САД, Доналд Трамп, истакна дека војната во Украина мора да престане, осврнувајќи се на тешките последици од руско-украинскиот конфликт.
– Се обидуваме да ја прекинеме војната. Таа ужасна, ужасна војна што се води во Украина со Русија. Имаме мал напредок – рече Трамп на својата прва прес-конференција по победата на претседателските избори во ноември.
Трамп изрази жалење за уништените градови во Украина и за загинатите на двете страни, тврдејќи дека вистинските загуби на крајот ќе бидат многу поголеми отколку што досега објавија и Киев и Москва.
Транзицискиот тим на Трамп работеше на план да ги доведе Украина и Русија на преговарачка маса, а тој навести дека и Киев и Москва ќе мора да прифатат компромиси.
Новоизбраниот претседател на САД додаде дека неговата администрација ќе разговара и со рускиот претседател Владимир Путин и со украинскиот претседател Володимир Зеленски, истовремено тврдејќи оти на Зеленски му рекол дека сака мир. Р.С.