Американскиот претседател Доналд Трамп му порача на шефот на украинскиот режим, Володимир Зеленски, кој отпатува во Вашингтон, дека Украина има големи проблеми и нема да победи во конфликтот со Русија.
Тој рече и дека е време конфликтот да заврши, а Русија е подготвена за тоа. Тој исто така нагласи дека украинското раководство треба да биде подготвено за компромис.
-Имавме преговори со Русите, разговарав и со претседателот Владимир Путин. Што сакаш ти, сака и тој. Мора да постигнеме договор. Секогаш е потребно да се прават компромиси. Невозможно е да се постигне договор без компромис. Значи, тој ќе мора да направи компромис, му рече Трамп на Зеленски на почетокот на состанокот во Белата куќа.
Трамп нагласи дека САД и Русија започнале преговори за можно решавање на украинскиот конфликт, а штом ќе се постигне тој договор, оцени тој, Москва повеќе нема да има причина да ги обновува непријателствата.
Коментирајќи ги зборовите на Зеленски дека сè уште не е подготвен да стави крај на вооружениот конфликт, Трамп го потсети дека Украина останува без војници. Како што рече, шефот на режимот во Киев си поигрува со животите на милиони луѓе и ризикува да започне Трета светска војна.
Американскиот лидер нагласи дека клучно прашање останува прекинот на непријателствата и распределбата на финансиски средства за обнова. „Илјадници војници умираат од двете страни.
– Сакаме ова да престане и парите да одат за реконструкција – рече тој.
Американскиот лидер изрази надеж дека САД нема да мора да испорачаат уште многу оружје на Украина, но дека испораките секако ќе продолжат во иднина.
– Јас сум во средината меѓу Русија и Украина. Не сум за ниту една страна – рече Трамп, нагласувајќи дека неговата намера е да го реши конфликтот и изрази надеж дека ќе остане запаметен како „миротворец“.
За време на средбата, американскиот потпретседател Џеј-Ди Венс го обвини Зеленски дека „ги кара американските медиуми“ и додаде дека неговите коментари се полни со непочитување, прашувајќи го: „Дали еднаш кажа благодарам?“
Зеленски отпатува во Вашингтон за да потпише Договор за соработка меѓу Украина и САД во областа на минералите. Како што претходно најави американскиот министер за финансии Скот Бесант, документот е веќе договорен, а на Зеленски и Трамп останува само да го потпишат денеска.