Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека светот не е далеку од Третата светска војна, но дека неговото претседателство ќе ја спречи таа катастрофа.
– Брзо се движам за да ги завршам војните, да ги решам конфликтите и да донесам мир во светот. Сакам мир. Никој нема корист од Третата светска војна, а вие не сте далеку од неа. Ако администрацијата на (поранешниот претседател Џо) Бајден останеше уште една година, сега ќе бевме во војна – изјави Трамп на самитот „Инвестирање во иднината“ во Мајами.
Тој ѝ се заблагодари на Саудиска Арабија за организирањето на преговорите меѓу САД и Русија, нарекувајќи ги „голем чекор“.
Претходно, Трамп остро го критикуваше украинскиот претседател Володимир Зеленски, нарекувајќи го „просечен комичар“ и „диктатор“.
– Ја сакам Украина, но Зеленски ја уништи својата земја. Милиони луѓе загинаа, а тој не може да ја запре војната без да разговара со Русија – рече Трамп, кој претходно влезе во жестока дебата со Зеленски на социјалните мрежи.