Фото: Принтскрин

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека би сакал САД да ја преземат контролата врз иранската нафта, во интервју за „Фајненшл тајмс“.

– Да бидам искрен, најмногу би сакал да ја земам нафтата во Иран. Но, некои луѓе во САД велат „зошто го правиш тоа?“. Тие се глупави луѓе – изјави Трамп.

Тој како можност го спомена островот Харг во Персискиот Залив, преку кој минува најголемиот дел од извозот на иранската нафта, оценувајќи дека би можел „многу лесно“ да биде заземен, иако додаде дека постојат и други опции.

Трамп посочи дека индиректните разговори со Иран преку пакистански посредници напредуваат, но предупреди дека се можни и напади врз иранскиот енергетски сектор доколку не се постигне договор.