Претседателот на САД, Доналд Трамп денеска најави дека наскоро ќе објави „нешто посебно“ за мировните преговори за Блиски Исток.

– Имаме реална шанса да постигнеме нешто големо на Блиски Исток. Сите се подготвени за нешто посебно, за нешто што се случува првпат, Ќе направиме тоа да се случи – објави Трамп на својата платформа „Трут соушал“ (Truth Social).

Најавата на Трамп е пред утрешната посета на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху на Белата куќа.

Трамп вчера изјави дека интензивно се преговара со претставниците од земјите од Блискиот Исток за изнаоѓање на решение за конфликтот во Појасот Газа. Израелскиот портал „Тајмс оф Израел“ (The Times of Israel) вчера го објави документот што Трамп му го претставил на лидерите од регионот. Планот на Трамп за Појасот Газа содржи 21 точка.