Фото: Пиксабеј

Многу нации и дестинации имаат јадење што го подготвуваат со генерации за да ја прослават најдолгата ноќ во годината. Проверете какви деликатеси се готват овие денови.

Од грашок, свинско и грозје до разни кнедли и специјалитети од риба, новогодишната кујна е разновидна, во зависност од тоа каде и како се подготвува, пишува „Си-ен-ен“

Хопин Џон, САД
Главна новогодишна традиција на американскиот југ, Хопин Џон е јадење од грашок со свинско месо или црн грашок (симболизирајќи монети) и ориз. Јадењето често се служи со зелен зеленчук, кој ја симболизира бојата на парите, и со пченкарен леб, поради бојата на златото. Се вели дека ова јадење носи среќа во новата година.

Фото: Принтскрин

Дванаесет зрна грозје, Шпанија
Во Шпанија во Новата година влегуваат со 12 гроздови зрна. Имено, кога ќе чукне полноќ, тие јадат по едно грозје за секое од 12-те удари на часовникот. Некои дури и го подготвуваат своето јадење од грозје, лупејќи го и чистејќи ги семките, за да биде што е можно полесно за јадење.

Овој необичен обичај започнал на преминот од 19 и 20 век, а наводно го измислиле производителите на грозје во јужниот дел на земјата, кои имале исклучително голема жетва. Оттогаш, традицијата се проширила во многу земји од шпанско говорно подрачје.

Тамалес, Мексико
Тестото од пченка исполнето со месо, сирење и други вкусни додатоци и завиткано во лист банана или лушпа од пченка, се дел од менито за речиси секоја посебна пригода во Мексико. Но, за време на празничната сезона тоа е особено важно.

Фото: Пиксабеј

Имено, вообичаено е семејствата да се собираат и да работат на стотици мали пакетчиња, при што секое лице е задолжено за еден аспект од процесот на готвење. После тоа, тие ги споделуваат со пријателите, семејството и соседите. За Нова година често се служи со супа од шкембе, за која се знае дека е добра за мамурлак.

Олиеболен, Холандија
Во Холандија деновиве се подготвуваат пржени топчиња со масло или олиеболен. Тие се продаваат на штандови и традиционално се консумираат на новогодишната ноќ и на специјални славенички саеми.

Фото: Пиксабеј

Тоа се топчиња како крофна, а рецептот е едноставен – во пржење се става топче тесто посипано со рибизли или суво грозје, а потоа се посипува со шеќер во прав.

Марципан прасе или Глуксшвајн – Австрија и Германија
Австрија и соседна Германија ја нарекуваат новогодишната ноќ Силвестерабенд или пресрет на Свети Силвестер. На австриските веселби се пие пунч од црвено вино со цимет и зачини, јадат цицалче за вечера и ја украсуваат трпезата со свињи од марципан.

Фото: Пиксабеј

Кралски колачи и колачи низ целиот свет
Традицијата на новогодишни колачи е присутна во многу култури. Грците имаат Василопита, французите имаат галети.

Kисела харинга, Полска и Скандинавија
Харингите ги има во изобилство во Полска и делови од СкандинавијаНовогодишниот полноќен оброк е симбол на изобилство во блиска иднина. Некои јадат кисела харинга во крем сос, додека други ја комбинираат со кромид.

Специјалната полска новогодишна варијанта на јадењето со кисела харинга, наречена Sledzie Marynowane, се подготвува така што солената харинга се натопува во вода 24 часа, а потоа се става во тегла со кромид, пипер, шеќер и бел оцет.
Скандинавците често ја комбинираат харингата со пушена риба, паштети и ќофтиња.

Крансекаге – Данска и Норвешка
Kransekage што буквално значи торта со венец, всушност е кула направена од многу концентрични прстени од торта кои се поставени еден врз друг, а се направени за новогодишната ноќ и многу други специјални пригоди.

Фото: Принтскрин

Колачот е направен од марципан, а прстените се ставаат околу шише вино. Може да биде украсена со орнаменти, знамиња и крекери.