Меѓу жртвите има Украинци, Германци и Французи
Најмалку 21 лице загина во трагедијата на автобусот, кој од висина од десет метри падна врз електрични жици во близина на железничката станица во градот Местре, во близина на Венеција.
Украинци, Германци и Французи се меѓу жртвите на автобусот што синоќа излета од надвозник во северна Италија и се запали, соопштија локалните власти.
Според локалните медиуми, автобусот ги носел туристите на кампување во квартот Местре – Маргера. Меѓу повредените, покрај тројца Украинци, Германец и Французин, има и еден Хрват.
Идентификацијата на загинатите се уште е во тек.
-Ние сме во контакт со италијанските власти за да ги идентификуваме можните француски државјани меѓу жртвите – рече француската министерка за надворешни работи Кетрин Колона.