Илустрација / Фото: Маја Јаневска-Илиева

Пет лица загинаа, а 14 се повредени во тешка сообраќајна несреќа со патнички автобус што се случила утрово во близина на Анкара, објави ТРТ Хабер. Според информациите, автобусот удрил во потпорен столб на надвозник, по што се превртел и претрпел големи оштетувања.

Несреќата се случила во населбата Сарај, во близина на селото Кахраманмарас, каде што ударот бил со силен интензитет. Градоначалникот на метрополитенската општина Анкара, Мансур Јавас, изјави дека веднаш по несреќата на местото биле испратени противпожарни и медицински екипи, кои интервенирале и ги извлекле повредените.

Повредените патници биле транспортирани во блиските болници, каде што им е укажана лекарска помош, додека надлежните служби започнале истрага за утврдување на причините за несреќата, кои засега остануваат неразјаснети.