Истражниот комитет на Русија почна масивна криминалистичко-терористичка истрага за нападот. Официјални извори изјавија во јавноста дека напаѓачите не биле руски државјани, односно дека во возилото на лицата во притвор биле откриени таџикистански пасоши. Министерството за внатрешни работи на Таџикистан негираше вмешаност на тројца свои државјани, наведувајќи дека лицата наведени во откриените пасоши се вратиле во Таџикистан месеци порано и работеле таму. Во таков контекст, таџикистанскиот претседател изјавил дека „терористите немаат националност, немаат татковина и религија“
За терористичкиот напад во Москва, Русија
На 22 март 2024 г., во 20 часот по московско време, бил планиран почеток на концерт на групата „Пикник“. Настапот на популарната група требало да биде своевиден спектакл, заедно со симфониски оркестар, во градското собрание „Крокус“. За концертот биле продадени повеќе од 6.000 билети. Салата се полнела и посетителите со нетрпение го очекувале почетокот на концертот.
Краток опис на терористичкиот напад
Според очевидци и нивни искази, неколку минути пред почетокот на концертот, патничко возило со бела боја се паркирало во близината на главниот влез на концертната сала. Од возилото излегле неколку немаскирани лица, со маскирни униформи и отвориле оган од автоматско оружје. Потоа влегле во големата сала, продолжувајќи да пукаат кон гледачите, фрлиле „граната или запалива бомба“, по што дошло до експлозија во зградата и избувнал пожар. Новинската агенција „Интерфакс“, повикувајќи се на првични податоци од оперативните служби, објавила дека имало од двајца до пет напаѓачи, кои излегле од споменатото патничко возило.
Руското Министерство за надворешни работи ја опишало случката како терористички напад, а одговорноста за него ja презел авганистанскиот разгранок на меѓународната терористичка организација Исламска држава – Хорасан. Истражниот комитет на Руската Федерација отворил кривично дело според чл. 205 од Кривичниот законик на Руската Федерација („тероризам“).
Единаесет лица приведени за 48 часа
Во координирана акција на руските безбедносни сили, за само два дена се приведени единаесет лица. Меѓу нив се и четворицата осомничени напаѓачи во белиот автомобил забележан на контролните камери, кои беа фатени на 376-от километар од автопатот М3, во близината на селото Катсун, 140 километри од украинската граница во Брјанска Област, и околу 340 километри југозападно од Москва, вечерта на 22 март. Во врска со ова, во медиумите излезе информација дека безбедносните сили на Русија се координирале со белоруските безбедносни сили за да ги спречат осомничените евентуално да ја преминат границата меѓу Белорусија и Русија. Истражниот комитет на Русија почна масивна криминалистичко-терористичка истрага за нападот. Официјални извори изјавија во јавноста дека напаѓачите не биле руски државјани, односно дека во возилото на лицата во притвор биле откриени таџикистански пасоши. Министерството за внатрешни работи на Таџикистан негираше вмешаност на тројца свои државјани, наведувајќи дека лицата наведени во откриените пасоши се вратиле во Таџикистан месеци порано и работеле таму. Во таков контекст, таџикистанскиот претседател изјавил дека „терористите немаат националност, немаат татковина и религија“.
Четворица од извршителите изведени пред надлежните судски институции во Mосква
Засега, четворица мажи се обвинети за извршување на нападот во концертната сала во Русија, во кој загинаа повеќе од 130 луѓе. Сите тие, лишени од слобода, се појавија пред московскиот суд во неделата, соочувајќи се со обвиненија за извршено кривично дело – тероризам. Во соопштението на судот се вели дека двајца од осомничените ја прифатиле вината за нападот откако беа обвинети на прелиминарното рочиште.
Московскиот тн Басманиски окружен суд формално ги обвини Далерџон Мирзоев (32); Саидакрами Рачабализода, (30); Шамсидин Фаридуни, (25); и Мухамедсобир Фаизов, (19), за извршување групен терористички напад што резултира со смрт на други лица. Законот за ова предвидува максимална казна доживотен затвор. Судот нареди мажите, од кои сите се државјани на Таџикистан, да бидат задржани во истражен притвор до 22 мај.
Истражниот комитет на Русија, пак, писмено му се обрати на т.н. Басманиски суд со барање да се лишат од слобода уште три лица за учество во терористичкиот напад. Осомничените се од исто семејство – татко и два сина: Амичон, Диловар и Исроил Исломов.