Билборди во функција на воената пропаганда
Две слики од два града, снимени во ист ден. Тел Авив и Техеран осамнаа со големи билборди со различни пораки, но со една цел – да не падне моралот кај граѓаните, кои се силно вознемирени по отворањето на уште една спирала на насилство, војна и крвопролевања и уништување човечки и материјални добра. Многубројните бомби и ракетни проектили што си ги разменија викендов Израел и Иран, а подоцна се вклучија и САД, претставуваат силна закана за граѓаните, кои сигурно сакаат мир, благосостојба, просперитет… Но, владите на двете земји прават нешта што сметаат дека би требало да се направат, без разлика на тоа што за тие потези ќе мора да жртвуваат нешто што е најскапо: млади човечки животи! Притоа, владите прават сѐ, вклучувајќи и големи пиар-кампањи во јавноста, за да ги оправдаат своите воинствени чекори.

„Ти благодариме, г.претседател“, пишува на билбордот во Тел Авив, со кој се изразува благодарност до американскиот претседател Доналд Трамп
„Сите ние сме војници на Иран“, се наведува во пораката во Техеран.
Двата примера се за да се покаже обидот како владите на две воено спротивставени страни менаџираат со јавното мислење во време на воена криза… Р.С.