Фото: ЕПА

Додека Русија продолжува да „вози слалом“ низ низата санкции наметнати од западните сојузници поради војната во Украина, европскиот увоз на гас од Русија во силна динамика ги надминува испораките на истиот енергент од САД кон Европа. Ова е забележано од страна на аналитичката компанија ИЦИС (ICIS). Имено, за првпат по две години Русија ги престигнува САД како најголем снабдувач на ваков вид енергент за Европа. Според констатацијата на енергетските експерти, тешкотиите од прекинувањето на снабдувањето на ЕУ со руски енергенти не се престанати до денес

АНАЛИТИЧКАТА КОМПАНИЈА ИЦИС ТВРДИ ДЕКА ЕВРОПСКАТА ЗАВИСНОСТ ОД РУСКИТЕ ЕНЕРГЕНТИ НЕ ОПАЃА

И покрај обидите на земјите од Европа, односно од ЕУ, максимално да ги редуцираат руските енергенти, а и целосно да ги откажат, се случува сосема спротивен тренд. Имено, според пишувањето на „Фајненшл тајмс“, кој се повикува на податоците од аналитичката компанија ИЦИС (ICIS), „течниот природен гас, увезен во Европа од Русија ги надмина испораките на истиот тој енергент од САД“!
Значи, според регистрираните податоци од компанија ИЦИС, Европа сега се снабдува со течен природен гас (ЛНГ) повеќе од Русија отколку од Америка?!

Скандалозни констатации за европската енергетика со призвук на лицемерство

Додека Русија продолжува да „вози слалом“ низ низата санкции наметнати од западните сојузници поради војната во Украина, европскиот увоз на гас од Русија во силна динамика ги надминува испораките на истиот енергент од САД кон Европа. Ова е забележано од страна на аналитичката компанија ИЦИС. Имено, за првпат по две години Русија ги престигнува САД како најголем снабдувач на ваков вид енергент за Европа. Според констатацијата на енергетските експерти, тешкотиите од прекинувањето на снабдувањето на ЕУ со руски енергенти не се престанати до денес. На пример, според констатациите на аналитичката компанија ИЦИС, „неколку источноевропски земји сè уште тежишно се потпираат на увозот од нивниот сосед“ (имено, Русија).
– Изненадувачки е да се види пазарниот удел на рускиот гас (течен природен гас) и дека е за инчи повисок во Европа по сето она низ кое минавме и сите напори направени за раздвојување на резервите од енергија и намалување на ризикот – изјави за „Фајненшл тајмс“ Том Марзек-Мансер од споменатата консултантска компанија ИЦИС.

Пресвртот во корист на Русија се случи на средината на 2024 година

Со помош на санкциите на западните сојузници врз Кремљ, САД реално ја престигнаа Русија како снабдувач со течен природен гас за Европа токму од септември 2022 година. Исто така, од почетокот на изминатата година САД достигнаа снабдување околу една петтина од снабдувањето со ЛНГ во Европа.
Сепак, пресвртот, според аналитичките информации на ИЦИС, повторно се случи минатиот месец годинава, кога испораките на гас и ЛНГ од руските гасоводи достигнаа до 15 отсто од вкупната понуда за ЕУ, плус Обединетото Кралство, Швајцарија, Србија, Босна и Херцеговина и Македонија. Според ИЦИС, пресвртот дојде во услови на генерално зголемување на европскиот увоз на руски ЛНГ. Важно е да се издвои констатацијата дека „Русија продолжува да ја снабдува Европа со гасоводи преку Украина и Турција“. Во тој контекст, се подвлекува дека „протоците во мај годинава исто така беа под влијание на неколку еднократни фактори, вклучувајќи и прекин во главниот американски извозен капацитет на ЛНГ, додека Русија продолжи да испраќа повеќе гас преку Турција пред планираното одржување во јуни“.
Сепак Марзек-Мансер лиферува во јавноста интересна констатација од ИЦИС, велејќи дека пресвртот „веројатно нема да трае“.
– Подоцна годинава Русија ќе може да испорачува ЛНГ во Азија преку северниот морски пат. Се очекува дека најверојатно ќе го намали количеството испратено во Европа, додека производството на ЛНГ во САД закрепна. Русија има ограничена флексибилност да го задржи овој удел (во Европа) бидејќи побарувачката (за гас) се зголемува следната зима, додека вкупното американско производство на ЛНГ само се зголемува со уште повеќе нови капацитети што доаѓаат на глобалниот пазар до крајот на годината – ја дополни Мансер својата изјава.
Според енергетските експерти, во овој контекст вреди да се издвои уште еден фактор, а тоа е „транзитниот договор меѓу Украина и Русија, кој исто така истекува годинава“, при што со тоа се ставаат „во ризик тековите низ маршрутата“. Е.Р.