foto (pixabay)

Авганистан

Јавните универзитети во Авганистан се отворија за прв пат откако Талибанците ја презедоа земјата минатата година, а од денеска и студентките им се придружија на нивните машки колеги.

Администрацијата на талибанците официјално не го објави својот план за студентки, но претставниците на образованието за „Ројтерс“ изјавиле дека на жените им е дозволено да присуствуваат на наставата под услов да бидат физички одвоени од машките студенти.

Британската агенција извести врди дека во источниот град Џалалабад, во Универзитетот Нангархар, еден од поголемите државни универзитети што биле отворени оваа недела, студентките влегувале низ посебна специјална врата.

Во претходното владеење на талибанците од 1996 до 2001 година, тие им забранија на жените и девојките да се школуваат.

Состојбата со средношколките се уште не е јасна, бидејќи во голем број провинции тие сè уште не смеат да се вратат во клупите. Слична е ситуацијата и со приватните универзитети каде во многу случаи студентките не можеа да се вратат на наставата.

Калил Ахмед Бихсудвал, ректор на Универзитетот Нангархар, за „Ројтерс“ изјавил дека студентите ќе присуствуваат на предавањата одделно, практика што е веќе била присутна во многу провинции.

Денес отворени биле само универзитетите во потоплите провинции, образовните објекти во постудените области, вклучувајќи го и Кабул, треба да продолжат со работа на 26 февруари.