Тајван нема да се откаже од својот суверенитет и нема да прави компромиси за прашањата на слободата и демократијата, јавија британските медиуми, повикувајќи се на денешното соопштение на тајванското претседателство.
-Народот на Тајван решително се спротивставува на идејата на Пекинг за спроведување на концептот „една земја, два системи“ за Тајван“ – се додава во соопштението.
Претседателството на Тајван експресно го лиферуваше соопштението откако кинескиот претседател Си Џинпинг утринава, во говорот на отворањето на Националниот конгрес на Комунистичката партија на Кина, кажа дека кинескиот народ е тој што треба да одлучи за тајванското прашање и дека Кина никогаш нема да се откаже од своето право да прибегне и кон употреба на сила за решавање на ова прашање.
-Одржувањето на мирот и стабилноста во Тајванскиот теснец и во регионот е заедничка одговорност на двете страни, а средбата на бојното поле не е опција“ – се нагласува во соопштението на тајванското прфетседателство.