Портпаролот на турскиот претседател Ибрахим Калин денеска изјави дека стратешкото партнерство помеѓу Турција и САД не треба да биде оптоварено со терористичка пропаганда, јавува МИА. Тој додаде и дека и покрај заканите од американскиот претседател Доналд Трамп, Турција сепак ќе ја дејствува против курдските Единици за народна одбрана во северниот дел на Сирија.
Калин потенцира дека за Турција не постои разлика помеѓу Единиците за надродна одбрана и Исламска држава.
Во меѓувреме, Ердоган најави дека турски трупи ќе воспостават безбедносна зона во ширина од 30 километри во северниот дел на Сирија и оти за тоа ќе побара логистичка и финансиска помош од САД и другите сојузници.
– Зоната ќе ги држи терористите надвор од неа, ќе ги заштити цивилите и ќе ги запре бегалците, посочи Ердоган во турскиот Парламент.