Директорот на Регионалната канцеларија на Светската здравствена организација (СЗО) за Европа, Ханс Клуге денеска изјави дека ова тело се подготвува за можни „хемиски напади“ во Украина.
– Со оглед на неизвесноста на моменталната ситуација, нема гаранција дека војната нема да се влоши – порача Клуге во изјавата испратена до новинарите од Лавов во Украина.
Тој истакна дека СЗО ги разгледува сите можни сценарија и подготвува одговор за различни ситуации кои би можеле да го погодат народот на Украина.
– Од континуирано лекување на масовни жртви, до хемиски напади – додаде Клуге, без да открие дополнителни детали.