Изборите во САД покажуваат дека поддршката за курсот на Вашингтон се намалува и дека светот како што го знае „дедо Бајден“ (се мисли на американскиот претседател Џо Бајден – н.з.) исчезнува, оценува заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија Дмитриј Медведев.
– Првите резултати од изборите во Америка и вчерашниот „хистеричен“ ултиматум на украинскиот зелен лидер во зелена валкана кошула потврдуваат дека светот на кој е навикнат „дедо Бајден“ исчезнува и дека поддршката за курсот на Вашингтон се намалува – напиша Медведев на неговиот канал „Телеграм“.
Медведев оценува дека играњето на картата на Володимир Зеленски од Вашингтон било погрешно.
Како што пренесуваат руските медиуми, Медведев заклучува дека „некои арогантни земји и нивните миленици и го свртеле грбот на Русија.
Со затворање на избирачките места на Алјаска заврши гласањето за изборите за американскиот Конгрес. Засега во трката за Конгресот водат републиканците, додека неизвесен е исходот од битката за мнозинство во Сенатот, пренесуваат светските медиуми.