Британскиот премиер Риши Сунак ја напушти Бакингемската палата, каде официјално поднесе оставка до кралот Чарлс, по поразот на неговата Конзервативна партија на вчерашните парламентарни избори.
Тој најави дека ќе се повлече и од лидерската позиција во Конзервативната партија.
Британскиот премиер во заминување последен пат зборуваше од Даунинг стрит, каде нагласи дека најважна задача за време на неговиот мандат била да ја врати стабилноста на економијата.
Тој додаде дека Велика Британија сега е посилна од порано.
Британскиот крал Чарлс, пак, денеска му го довери мандатот за формирање нова влада на Велика Британија на лидерот на Лабуристичката партија, Кир Стармер, по убедливата победа на неговата партија на парламентарните избори.
Назначувањето на Стармер за премиер беше потврдено од Бакингемската палата.
„Кралот го прими на аудиенција уважениот Кир Стармер и побара од него да формира нова влада. Стармер ја прифати таа понуда“, соопштено е од Бакингемската палата, пренесува „Гардијан“.