Денеска во Специјалниот суд во Белград продолжува судењето на Миљана и Владимир Кецмановиќ со распит на нивниот син К.К., кој на 3 мај 2023 година изврши масовно убиство во основното училиште „Владислав Рибникар“. Малолетникот-убиец се сослушува како сведок во судската постапка против неговите родители.
Момчето К.К. било извадено околу 8 часот и 30 минути од болницата во која се наоѓал од моментот кога го извршил масакрот во ОУ „Владислав Рибникар“. Тој со возило на брза помош, придружуван од полиција, беше пренесен до зградата на Специјалниот суд. Влезот во болницата бил покриен со паравани, а полицајците го покриле неговото тело.
Таткото на момчето бил донесен од Централниот затвор, каде што се наоѓа, додека мајката дошла во придружба на адвокат, со оглед дека на рочиштата доаѓа од слобода.
Како што дознава Танјуг, К.К. родителите и членовите на семејството на убиениот продолжуваат да поставуваат прашања. Пред обвинителството прашања треба да му поставуваат и двајца јавни обвинители и главниот јавен обвинител во Вишото јавно обвинителство во Белград, Ненад Стефановиќ, кои во овој случај се инволвирани од почетокот на постапката.
Од судницата денеска, за разлика од претходното рочиѓте не протекоа речиси никакви информации. Единствено се знае дека родителите му подготвиле 250 прашања на К.К.
Претставникот на оштетените, Огњен Божовиќ, пред почетокот на судењето на новинарите им рече дека денеска треба да продолжи распитот на малолетната К.К и изрази надеж дека ќе се разбере како се случило на 3 мај, односно кои биле мотивите.
Тој оцени дека овој судски процес оди во правец на осудителна пресуда и додаде дека сведочењето на К.К. не е пресудно, но е значајно.
Божовиќ додаде дека од почетокот бил за тоа судењето да биде отворено за јавноста, но и дека протекувањето информации од оваа постапка ја отежнува работата и дополнително ги трауматизира жртвите.
Според информациите на Курир, мајката на убиеното момче Сузана Чикиќ, која на претходното судење веќе му поставувала прашања на сведокот, го започнува распитот.
Да потсетиме, на првото рочиште, момчето убиец како сведок во судница ги потврди наводите од обвинението против неговиот татко, дека лесно дошол до оружјето што го чувал во станот и од него испукал истрели. Исто така, тој изјавил дека главниот поттикнувач за да изврши вакво кривично дело била неговата мајка. Како што објавија медиумите, момчето за време на сослушувањето изјавило дека мајка му постојано барала од него да биде најдобар, а таа му се дерела кога тој не бил.
-Мајка ми секогаш ме бараше да бидам најдобар. Таа се лутеше и викаше кога јас не бев, а јас и се лутев поради тоа – рекол тој според неофицијални информации.
На прашањето дали тоа влијаело да направи невидено кривично дело, според неофицијални информации, тој одговорил: „Да, влијаеше“.
Тој исто така изјавил дека планира масакрот да започне во неговиот клас и дека негова цел „генерално биле учениците од седмо одделение бидејќи се чувствувал отфрлен“. На прашањето дали сликата што ја имал пред себе од пукањето на другарите во училницата го натерала да запре, тој отсечно рекол: „Не“.