Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг денеска пристигнува во тридневна посета на Турција, каде што ќе се сретне со претседателот Реџеп Таип Ердоган, министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу и министерот за национална одбрана Хулуси Акар.
Столтенберг денеска ќе разговара со Чавушоглу по што ќе одржат заедничка прес-конференција.
Генералниот секретар на НАТО в петок ќе има средба со турскиот претседател.
Се очекува разговорите да бидат фокусирани на процесот на приклучување на Шведска и Финска во НАТО и настаните поврзани со руско-украинската војна. Пред посетата на Турција, генералниот секретар на НАТО имаше телефонски разговори со премиерката на Финска, Сана Марин и со премиерот на Шведска, Улф Кристерсон.