Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг денеска изјави дека српската и косовската страна мора „конструктивно да се вклучат“ во дијалогот со посредство на ЕУ и да ги решат проблемите дипломатски.
-КФОР е подготвен да интервенира доколку е загрозена стабилноста – нагласи тој по телефонскиот разговор со српскиот претседател Александар Вучиќ.
Столтенберг на Твитер напиша дека со Вучиќ разговарал за „тензиите на северот на Косово“, пренесе Бета.
Spoke to #Serbia’s President @avucic about tensions in northern #Kosovo. All sides must engage constructively in the EU-mediated dialogue, and solve differences through diplomacy. @NATO_KFOR stands ready to intervene if stability is jeopardised, based on its @UN mandate.
— Jens Stoltenberg (@jensstoltenberg) August 3, 2022