Во Европа моментно се случува најголемото трупање војници по Студената војна, изјави генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.
Тој предупреди дека бројноста на руските сили што моментално се распоредуваат, далеку го надминува потребниот број на трупи за воени вежби.
– Нема сомнеж дека сега имаме најголема концентрација на воени сили во Европа од крајот на Студената војна – истакна Столтенберг за германската телевизија Зе-де-еф, предупредувајќи дека Русија сега има капацитет да изврши инвазија без предупредување.