Претседателот на САД Доналд Трамп денеска во Белата куќа има средба со неговиот француски колега Емануел Макрон на која ќе разговараат за начинита како да се запре војната во Украина.
Макрон е првиот европски лидер во посета на Белата куќа по враќањето на Трамп на власт. Лидерите на двете земји учествуваат на видеоконференција на Г7, а потоа ќе одржат билатерални разговори и заедичка прес-конференција.
Кон крајот на оваа недела во посета на Белата куќа доаѓа и британскиот премиер Кир Стармер.
Тројцата западни лидери се среќаваат неделава за разгледување на иницијативите на Трамп за запирање на војната меѓу Русија и Украина, улогата на Европа во преговарачкиот процес и безбедносните гаранции за Украина.
– Ќе му кажам: во длабочината на душата, не можеш да бидеш слаб пред претседателот (Владимир Путин). Тоа не си ти, тоа не е твој стил и не е во твој интерес – изјави Макрон во пресрет на средбата со Трамп.
Американскиот претседател досега повеќепати изјави дека сака што поскоро запирање на војната. „Престанете со оваа бесмислена војна, престанете со убивањата! – со овој повик тој му се обрати на Владимир Путин многупати досега.
Минатата недела на средба во Ријад, Саудиска Арабија, делегации на САД и Русија се договорија да формираат работни групи за билатерални што ќе водат кон некаков договор за запирање на непријателствата и крај на конфликтот. Украина и европските сојузници не дојдоа на средбата.