Претседателката на српското Собрание, Ана Брнабиќ, изјави денеска дека „Србија е пример и светилник на демократија во споредба со Хрватска“ и наведе неколку примери кои, според неа, ја покажуваат разликата меѓу двете земји.
-Не е Република Србија таа што забрани на некого од Хрватска да го посети Крагуевац, Краљево или Јајинци, каде нацистите убиваа луѓе за време на Втората светска војна само затоа што беа Срби, Евреи или Роми, туку Хрватска е таа што му забрани на претседателот на Србија, Александар Вучиќ, да го посети најголемото губилиште на српскиот народ и најголемиот српски град под земја, каде што се наоѓал системот на усташки логори Јасеновац. Таа забрана е во сила и денес – изјави Брнабиќ во писмено соопштение кое го пренесува Нова.рс.
Претходно, претседателот на хрватскиот Сабор, Гордан Јандроковиќ, изјави дека Србија не е демократска држава.
– Мораме да бидеме многу отворени и да кажеме дека Србија не е демократска држава. Ова што го направија со госпоѓа Вучковиќ (Северина) покажува како се однесуваат кон сите оние кои имаат поинакво мислење од владејачката структура во Србија – изјави Јандроковиќ за новинарите.