Ракета „Фалкон 9“ на американската приватна компанија „Спејс екс“ вчера лансираше сателит во земјината орбита што ќе биде во служба на американските вселенски сили, соопшти Националната канцеларија за извидување (НРО) задолжена за изградба и управување со американската воена сателитска мрежа.
– Ракетата со сателитот „НРОЛ-87“ полета во 12.27 часот по локално време (21.27 часот по средноевропско време) од воената база „Ванденберг“ во Калифорнија, по што без тешкотии се врати во базата. Сателитот е дизајниран и конструиран од НРО, која управува со него како дел од својата вселенска извидувачка мисија – соопшти воената агенција, без дополнителни подробности, повикувајќи се на „воена тајна“.
НРО е под надлежност на Пентагон и всушност го следи меѓународниот поморски сообраќај и комуникациите на американските конкуренти. Ова е прв лансиран сателит оваа година и 17-ти последниве две години. Тој е во служба на Командата на вселенските сили на САД со седиште во Лос Анџелес, пренесува МИА.