Невообичаено долгото времетраење на снежните врнежи денеска ја изненади јапонската престолнина Токио, а првпат по четири години беа издадени предупредувања за обилен снег за градот и околните места.
Според Ројтерс, снег во Токио паѓа еднаш или двапати во текот на зимата, но задржувањето на снежната покривка е редок случај.
Градот има ниски температури повеќе од една недела, кои во комбинација со слабиот притисок доведоа до врнежи од снег.
Бидејќи температурите продолжуваат да опаѓаат, властите предупредија на лизгави улици и можни доцнења во транспортот.