Претседателката на Европскиот парламент, Роберта Мецола, објави дека следната недела ќе го потпише одобрението за заем од ЕУ за Украина од 90 милијарди евра, за кој вели дека е договорен „со невидена брзина“.
На Минхенската безбедносна конференција, таа изјави дека ЕУ продолжува да работи на својот одговор на руската војна во Украина, вклучително и подготовката на 20-от пакет санкции против Русија.
Мецола изрази поддршка за членството на Украина во ЕУ, објави Гардијан.






























