Фото: Пиксабеј

Сите средни училишта во главниот град на Јужна Кореја, Сеул, добиле преку факс закани на јапонски јазик дека ќе бидат кренати во воздух, соопшти денеска јужнокорејската полиција.

Во соопштението се наведува дека полицијата трага по лицето кое ги испратило заканите, а училиштата ги зајакнале безбедносните мерки.

Во факсот се укажува дека бомбите веќе се поставени во сите средни училишта во Сеул и дека ќе почнат да експлодираат в петок попладне по локално време, соопшти полицијата.