Најмалку две лица загинаа во разорниот земјотрес што денеска ја погоди Јапонија, соопшти локалната полиција. Шест лица се затрупани под урнати куќи во градот Ваџима по земјотресот со јачина од 7,6 степени според Рихтеровата скала што денеска ја погоди јапонската префектура Ишикава на брегот на Јапонското Море, соопшти јапонската Влада.
Повеќе од 36.000 луѓе останаа без струја во префектурата Ишикава, а досега се соопштува дека се урнале повеќе од 30 згради во градот Вајима.
Предупредувањата за цунами се на сила, поради што многу Јапонци бегаат на повисоките места. Јапонија денеска во период од час и половина ја погодија вкупно 21 земјотрес со јачина над четири степени според Рихтеровата скала.
Северна и Јужна Кореја денеска издадоа предупредувања за цунами во нивните крајбрежни области по силниот земјотрес во Јапонија. Руските власти издадоа предупредување за цунами во делови од брегот на Сахалин и градовите Владивосток и Находка.