Фото: ЕПА

Силни експлозии одекнуваат во Доха, Дубаи и Абу Даби, според сведоштва на новинари и жители, додека Иран спроведува ракетни и дронски напади низ Заливот, пренесе МИА.

Во главниот град на Катар и во Дубаи се слушаат гласни детонации, а жители на Абу Даби потврдуваат дека и таму имало експлозии.

Овие напади се случуваат во период кога САД и Израел водат кампања против иранскиот режим.