Фото: Принтскрин

На состанокот меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и украинскиот претседател Володимир Зеленски, беше јасно кој е за мир, а кој сака војната да продолжи, изјави денеска унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто.

– Вчера на сите им стана појасно од кога било кој сака мир, а кој војна. Кој сака да прекине убивањето, а кој сака да продолжи. Кој е тој што стои на тлото на здравиот разум, а кои се тие кои не жалат ниту за човечки животи, ниту за милијарди евра, само за да продолжи војната – објави Сијарто на мрежата „Икс“.

Тој рече дека „залагањето за мир“ на Трамп бил најважниот момент во последните три години од војната во Украина.