Шведска и Финска утре заедно ќе ги поднесат своите барања за членство во НАТО, изјави денеска шведската премиерка Магдалена Андерсон.
– Во Шведска и Финска се согласуваме да одиме рака под рака низ целиот овој процес, а утре ќе поднесеме барања – рече Андерсон на заедничката конференција со финскиот претседател Саули Нинисто во шведскиот главен град.
Финскиот парламент во вторникот гласаше за влез во НАТО со огромно мнозинство од повеќе од 95 отсто од гласовите, дозволувајќи му на Хелсинки да испрати формална апликација за членство до седиштето на Алијансата.
Финскиот Парламент денеска гласаше за влез во НАТО со огромно мнозинство од повеќе од 95 отсто од гласовите, дозволувајќи му на Хелсинки да испрати формално барање за членство до седиштето на Алијансата.
И шведската министерка за надворешни работи Ан Линде денеска го потпиша барањето на нејзината земја за членство во НАТО.
Иако Финска и Шведска се историски неутрални, воениот конфликт во Украина радикално го промени јавното мислење за приклучување кон воениот сојуз.
Со исклучок на Анкара, другите членки на НАТО ја поддржуваат кандидатурата на двете земји.