Група затвореници во францускиот затвор Венден-ле-Вјеж, во истоимениот град, почнаа штрајк со глад, откако минатата недела во таа казнена установа имаше бунт и немири.
Група осуденици пред неколку дена предизвикаа поплави во ќелиите, а денеска почнаа штрајк со глад. Нивниот бунт е поради тоа што се преместени во затвор со максимално обезбедување.
Во протестот учествува и Мохамед Амра, обвинет за убиство, трговија со дрога и киднапирање, а сега се претставува како портпарол на затворениците.
Во текот на летото речиси 90 затвореници се префрлени во затвор со максимална безбедност, од кои најголемиот број се поврзани со трговија со наркотици.