Фото: ЕПА

Се стравува дека околу 50 мигранти се удавиле додека се обидувале да стигнат до Шпанија со брод од Западна Африка, соопшти денеска групата за заштита на мигрантите „Walking Borders“.

Мароканските власти вчера спасија 36 мигранти од чамец што тргна од Мавританија на 2 јануари, додаде невладината група, која има седиште во Мадрид и Навара, објави Ројтерс. Според нив, чамецот превезувал 86 мигранти, меѓу кои 66 Пакистанци.

Рекордни 10.457 мигранти, или 30 луѓе дневно, ги загубиле животите во 2024 година обидувајќи се да стигнат до Шпанија од Западна Африка, главно додека се обидувале да го преминат Атлантскиот Океан до Канарските Острови, соопшти групата.

Првиот човек на регионот на Канарските Острови, Фернандо Клавихо, изрази сочувство за жртвите, повикувајќи ги Шпанија и Европа да преземат акција за да се спречат нови трагедии.