Шпанската левичарска Влада во пресрет на Меѓународниот ден на жената, денеска го претстави нацрт-законот кој има за цел да го зголеми уделот на жените во политиката и управувањето со бизнисот и да ја унапареди родовата еднаквост во една од водечките земји во светот по тоа прашање.
Законот за еднаква застапеност се обидува да го воведе принципот на целосна родова еднаквост на изборните листи и да наметне минимална застапеност на жените од 40 отсто во управните одбори на големите компании.
– Мораме да искористиме 100 отсто од женскиот талент во нашата земја за да ја подобриме продуктивноста на компаниите и со текот на времето да имаме посилен и поодржлив раст – рече министерката за економија Надија Калвино по седницата на Владата, во која жените првпат во Шпанија бројчано ги надминаа мажите.