Германскиот канцелар Олаф Шолц го осуди денешното убиство на две лица во Баварија од страна на Авганистанец чие барање за азил било одбиено, наведувајќи дека тоа е терористички акт.
Шолц рече дека мора да се преземат одредени мерки како одговор на честите акти на насилство од мигрантите кои дошле да бараат заштита во Германија, без да прецизира какви.
Тој нагласи дека властите мора да разјаснат зошто осомничениот Авганистан се уште е во Германија, иако неговото барање за азил било одбиено.
Локалната полиција соопшти дека две лица се убиени, а неколку се тешко повредени во напад што се случи во паркот Шонтал во баварскиот град Ашафенбур.
ДПА јави дека се убиени двегодишно дете и 41-годишен маж, а други двајца, меѓу кои има уште еден дете, се сериозно повредени.