Германскиот канцелар Олаф Шолц изрази уверување дека ќе може да постигне договор со новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп за заедничка стратегија за Украина, а тоа го изјави откако имале телефонски разговор.
-Убеден сум дека можеме да развиеме заедничка стратегија за Украина. Мојот основен принцип останува дека ништо не може да се реши без да се вклучи украинскиот народ во тоа – рече Шолц во интервју за медиумската група „Функе“.
Тој додаде дека имал „исцрпни“ разговори со Трамп и дека неговиот тим е во директна комуникација со советниците за безбедност на Трамп.