Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска по неформалниот состанок на европските лидери за Украина во Париз повика на единство меѓу Европа и САД во однос на одговорноста за украинската безбедност, објавија странските агенции.
Коментарот на Шолц беше за напорите на САД да започнат преговори со Русија без консултација со Европската унија.
– Не смее да има поделба за прашањата за безбедност и одговорност меѓу Европа и САД – рече Шолц по денешниот вонреден самит чиј домаќин беше францускиот претседател Емануел Макрон.
– Со други зборови, НАТО е основан на база секогаш да дејствуваме заедно и да го споделуваме ризикот, а со тоа да ја обезбедиме нашата безбедност. Ова не треба да се доведува во прашање – додаде Шолц.