Германскиот канцелар Олаф Шолц и францускиот претседател Емануел Макрон најавија нови пакети финансиска помош за поддршка на извозот на жито во Украина, кој беше нарушен од војната, објави „Гардијан“.
Макрон во видео изјава рече дека најранливите земји не смеат да ја платат цената на војната што не ја сакале.
Агенцијата Франс прес објави и дека претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен ветила дека ЕУ ќе продолжи да ја поддржува Украина, обвинувајќи ја Русија дека користи „храна како оружје“.