Фото: ЕПА

Во изминатите неколку часа, шест земји испуштија 136 пакети помош со храна за жителите во северниот и во јужниот дел на Појасот Газа, соопштија денеска израелските одбранбени сили (ИДФ).

Во соработка со Израел, Обединетите Арапски Емирати, Јордан, Египет, Франција, Германија и Белгија спроведоа воздушни испуштања, кои се предводени од израелската агенција за координација за палестинските територии, ЦОГАТ.

ИДФ соопшти дека операциите се продолжение на „акциите насочени кон подобрување на хуманитарниот одговор во Појасот Газа“, пренесе ДПА.

Два транспортни авиони А400М на германските вооружени сили, кои носеа 44 палети со храна, медицински материјали и друга помош со тежина од приближно 19 тони, беа испуштени над Газа, изјави портпарол на воздухопловните сили за ДПА во Берлин.

Друго испуштање е планирано за почетокот на следната недела.

Според Обединетите нации, Појасот Газа е на работ на глад. Израел ги контролира сите пристапни точки до крајбрежната територија на Медитеранот и со месеци дозволуваше да минуваат само минимални или никакви испораки на помош.

Израел соопшти дека тоа има за цел да го зголеми притисокот врз исламистичкиот Хамас да ги ослободи последните заложници киднапирани на 7 октомври 2023 година.

Од минатиот викенд, по растечките глобални критики за тешката ситуација со која се соочува палестинското цивилно население, Израел дозволува поголеми испораки преку копнени рути и ги поддржува воздушните испуштања на помош од сојузничките нации.