Фото: ЕПА

Шефот на Светската здравствена организација (СЗО), Тедрос Аданом Гебрејесус, денеска потврди дека во Газа е откриено присуство на полиовирус и предупреди дека децата во енклавата разурната од војната наскоро ќе бидат заразени доколку брзо не се преземат превентивни мерки.

Еден ден откако СЗО објави дека е голема веројатноста дека има случаи на детска парализа кај населението во Газа, директорот на организацијата изрази загриженост на „Х“ за цената на конфликтот меѓу Израел и Хамас што ја има за човечки животи.

Тој посочи дека присуството на полиовирусот во Газа зборува за ужасните услови со кои се соочува тамошното население.